ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Охрид; Спасувачи  ќе има само на 10% од плажите

Локалната и централната власт се обвинуваат за плажите

Алармантно, само 10 % од плажите во Охрид, ова лето ќе бидат безбедни за капењe. Црвениот крст од Охрид, ќе ангажира, спасители, кои ќе се грижат безбедноста на капачите, само на оние плажи кои што се во склоп на хотелските капацитети, но не и останатите, со кои во моментот никој не стопанисува.Тоа од нив треба да го побара општината.

„Тоа и го порачавме на локалната самоуправа минатата година и сега, да постават на капалиштата ознаки, дека има патролни служби на спасители, но дека нема постојано присуство на спасител. Ние сме подготвени да го имплементираме истиот систем како и лани со чести патроли од вода и од копно и на спасители и на парамедици”, рече Сашо Точков-Црвен крст Охрид.

Минатата година имале 12 интервенции на извлечени давеници. Во меѓу време најатрактивните охридски плажи и ова лето ќе останат неуредени и со затворени објекти, исто како и лани. Плажите заглавија во правни процедури и меѓусебни препукувања помеѓу централната и локалната власт, чекајки го планот за управување со Охридското крајбрежје.

„На толку заложби од наша страна, сфатив дека не е до институцијата, туку владата како влада не ги доставува подлогите за урбанистички планови за плажите, до Агенцијата за просторно планирање, за да може тие тоа да го завршат. Дали е намерно или не намерно неможам да кажам, но идеолошките причини заради кои ги исчистија плажите и кажаа дека конечно плажите во Охрид се слободни, очигледно како матрица го поседуваат уште како влада“, изјави Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

Пецаков вели дека ја разгледуваат можноста, со одлука на Советот на општината,локалната самоуправа да уреди дел од плажите, каде што тоа е можно. Времето за вакави активности е прекратко, бидејќи веќе стартуваше летната сезона.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button