Околу 35% од населението е имунизирано со двете дози против Ковид 19

Имунизацијата на населението продолжува непречено, но со побавно темпо, велат здравствените власти. Вчера биле аплицирани 4.162 вакцини. Според Министерството за здравство, до вчера биле вакцинирани вкупно над 788 илјади граѓани, од кои 730 илјади со две дози.
„Вакцинирана популација со една доза над 18 години е 47%, додека со две дози 43%. Според бројот на дадени вакцини, 38% од целото население во нашата земја примило барем една вакцина, додека вкупниот број на вакцинирани со две дози достигнал 35% од целото население“, соопштија од Министерството за здравство.
За третата доза, некои велат дека не ја претпочитаат се додека и таа не стане услов.
Во некои пунктови за вакцинација, сеуште не е почнато со третата доза. Во поликлиниката Чаир велат дека причината за ова се административните процедури.
„Во Поликлиниката Чаир се уште не сме започнале со третата доза, тие се даваат во салата „ Борис Трајковски “ и во некои други поликлиники, но се надеваме дека наскоро ќе започнеме и тука. Поради некои административни процедури, немаше, но наскоро ќе го средиме и ова прашање“, рече Харкан Мехмеди, лекар.
Во периодот од 6 август до 30 септември, регистрирани се 35.531 позитивни случаи, од кои 23% се вакцинирани со две дози. Според официјалната статистика во последните недели 77% од дијагностицираните позитивни и 79% од хоспитализираните воопшто не се вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните достигна 85% помеѓу 6 август и 30 септември. 15% од вакцинираните починати велат дека имале други болести.
Аднан Ќаили