ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опозицијата обвинува: Премиерот и министерот за надворешни го кријат францускиот предлог

Во Собранието не се обелоденети ниту бугарско-македонскиот протокол, ниту францускиот предлог. Претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антонио Милошоски, тврди дека документи ги имаат премиерот и министерот за надворешни работи, но се чуваат од пратениците и јавноста.

„Премиерот Ковачевски и министерот за надворешни работи Османи досега не го доставија до Собрание ниту Бугарско-македонскиот протокол, ниту францускиот предлог за преговарачката рамка, иако имаме сигурни информации дека и двајцата ги поседуваат овие документи и учествувале во изработката заедно со бугарската влада. Оваа нетранспарентност на Владата кон Собранието е во спротивност со принципот на отчетност“, наведува Милошоски.

Претседателката на Демократската обнова на Македонија, Маја Морачанин, дел од парламентарното мнозинство, вели дека францускиот предлог за нејзината партија е неприфатлива и треба да се отфрли. Морачанин во интервју за Нова ТВ вели дека понудениот предлог не овозможува решение на спорот.

„Сметам дека тоа е неприфатливо решение кое не нуди можност по 17 години државност со кандидатски статус да почнеме преговори со ЕУ. العب واربح Останувам на ставот дека отворените прашања со Бугарија треба да се решаваат билатерално, а не тие прашања да станат наша пречка за интеграција“, вели Морачанин. العاب كازينو اون لاين

Претседателот Стево Пендаровски во дебатата „24 анализи“ истакна дека историјата не треба да биде услов за евроинтеграции, додавајќи дека во последните две години Северна Македонија била навредувана од Бугарија. Шефот на државата оценува дека премиерот Ковачевски не треба да присуствува на самитот во Брисел, ако нема промена на ставот на Софија. لعبة مباشر

Пред неколку дена францускиот предлог беше отфрлен од ВМРО, чиј лидер Мицсоки рече дека нема да ги поддржи уставните измени што ги бара Бугарија.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button