МАКЕДОНИЈА

Оризопроизводители го блокираа патот Штип – Кочани кај Облешево

Сообраќајната лента во правец од Штип кон Кочани на патниот правец А3 Кочани – Штип кај село Облешево од 10:15 часот е блокирана со 12 земјоделски машини од околу 80 до 100 граѓани – оризопроизводители, информира АМСМ.

Тие велат дека ќе останат на патиштата на неодредено време и барат итна средба со претставници од власта. Оризопроизводителите, како што велат, се тешко погодени од новите цени на ѓубривата и нафтата и оти сегашната откупна цена е нерентабилна, затоа бараат оризовата арпа од новата реколта, се продава по цена од 40 денари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button