ВЕСТИРЕГИОН

Осми ден се трага по исчезнатата Данка – истрагата се одвива во повеќе правци

Потрагата по двегодишната Данка Илиќ, која пред точно една недела исчезна во Бањско Поле во близина на Бор влегува во осмиот ден. Од српската полиција велат дека истрагата за случајот се одвива во повеќе правци и дека се проверуваат сите лица кои може да се поврзат со исчезнувањето на девојчето.

Во истрагата за нејзиното исчезнување се вклучи и виенската полиција, откако се појави видеоснимка со девојче кое наликува на описот на Данка во придружба на две жени од Романија сниманено во главниот град на Австрија. Вчера и Министерството за внатрешни работи на Црна Гора ги повика граѓаните на земјата доколку имаат некакви информации за исчезнатото девојче да ги споделат со надлежните органи.

Бојана Отовиќ-Пјановиќ, мајор во српската полиција за РТС изјави дека не може да говори за конкретни податоци од истрагата, ниту за осомничените, но посочува дека потрагата по Данка е во тек и оти се проверуваат сите факти кои можат да се доведат во врска со исчезнувањето на девојчето.

„Не исклучуваме никаква можност, истрагата е динамична, имаме голем број на проверки, има големо количество материјал и се проверува и најмалата индикација дека може да се поврзе лице… Елиминацијата (на осомничените) ќе продолжи кога ќе добиеме несомнен факт дека некој не може да се поврзе со исчезнувањето“, вели полицискиот мајор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button