ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Основното училиште „Кикиш“ во Тетово со многу мал број ученици Албанци

Учениците Албанци може ќе се отпишат од училиштето Андреа Савески Кикиш, што ќе значи и отказ за наставнциите Албанци. Голем број родители не ги праќаат децата во ова училиште, бидејќи во него можат да учат само до петто одделение, а не до деветто. Директорката на училиштето Дијана Ценоска вели дека причина за ваквата ситуацијата е немањето на слободни класови и малиот број ученици. Но, наставниците го велат спротивното. Според нив, класови и услови има доволно, но недостига волја за решавање на проблемот.

„За продолжување на наставата до деветто одделение во училиштето има услови, четири паралелки се празни во прва смена, но кога доставивме барање до управата ни рекоа дека бројот на ученици е многу мал и пордаи ова, настава не може да се одржи до деветто одделение. Во прво одделение во моментот се пријавени само тројца ученици кои овде следат настава и нормално со овој мал број – албанските паралелки во ова училиште можат да бидат затворени“, вели Валбона Ибраими- Наставничка во ОУ „Андреа Савески Кикиш“.

За овој проблем е информиран и секторот за образование на општина Тетово.

„За оваа година не верувам дека ќе се направи, бидејќи континуирано немавме одреден број ученици во тоа училиште, но верувам дека со зголемувањето на бројот на ученици и зголемувањето на уписот на ученици во однос на регионализација, во иднина ќе упатиме барање до Министерството за образование и наука наставата во ова училиште да се продолжи до деветто одделение“, рече Назми Даути – Раководител на сектор за образование на општина Тетово.

Во меѓувреме, родителите апелираа да се испратат што повеќе деца во ова училиште.

„Би апелирал до сите родители, да ги донесат децата овде да ја почитуваат реонизацијата за да можат децата да продолжат од прво до деветто“, вели еден родител.

Во ова училиште последниве години останаа само пет паралелки со 7 до 12 ученици Албанци, додека во прво одделение во наредната година регистрирани се само три ученици.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button