ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Осудениот во случајот Алмир, Бобан Илиќ се упати во затворот во Куманово

Бобан Илиќ, кој е осуден за убиството на четиригодишниот Алмир Алиу се пријави во затворот Кшање во Куманово, помалку од 24 часа по одлуката на Кумановскиот суд, дека треба да одлежи ефективна затворска казна. Кумановскиот суд, иако еден ден ја држеше во фиока правосилната одлука на Кривичниот совет, го одобри барањето на обвинителството во Куманово да не ја одложува одлуката на Илиќ за три месеци, како што претходно одлучи судијата за спроведување на санкции. Полицијата не требаше да интервенира во овој случај, како ниту за тројцата членови на семејството Алиу кои треба да се појават сами во затвор во законскиот рок.

„Секторот за внатрешни работи во Куманово сè уште не ја примил одлуката на Основниот суд Куманово за апсење на споменатите осуденици. Веднаш штом ќе стигне барањето до МВР, полицијата ќе ги гони, првично да ги најде на адресите и да ги испрати на одлежување затвор “.

Противречностите на Судот во Куманово продолжуваат со случајот Алмир. Првично, со одложено издржување на казната за Бобан Илиќ за три месеци, а не ги прифати ни жалбите на семејството Алиу за одложување на затворот за таткото на Алмир, Седат, кој мора да одлежи шест месеци и за двајца членови на семејството, Сами Демири и Абдула Алиу одпо девет месеци, за сторено кривично дело насилство. Според пресудата, овие тројца извршиле насилство врз Бобан Илиќ, ноќта кога малиот Алмир бил смртно прегазен со автомобил. Адвокатот на семејството Алиу вели дека двојните аршини на органите на правдата направиле да се привилегирааат страните што сториле кривични дела.

Судот сè уште не ја доставил новата одлука до семејството Алиу, поточно одбивањето на жалбата за одлагање на ефективната затворска казна. По притисокот Алсат дека осудениот Бобан Илиќ слободно се шета во Куманово со своето семејство, кумановскиот Суд веднаш реагираше и ја отфрли одлуката на судијата за спроведување на санкциите, донесена на 19 февруари 2021 година, еден ден по жалбата на нивниот адвокат, каде беше наведено дека на Бобан Илиќ му е дозволено да ја одложи казната за три месеци од безбедносни причини. Бобан Илиќ ќе издржува ефективна затворска казна помалку од три години затоа што му е пресметан и притворот и куќниот притвор. Првично беше осуден на шест години, по што Апелација му ја намали на четири, а ќе ја издржува казната во полуотворен затвор, каде на истиот простор ќе издржуваат казна и членовите на семејството на Алмир.

Adna Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button