ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пратениците се вратија во Собранието, ама ќе дебатираат за ланскиот снег

Пратениците се вратија во столчињата за да дебатираат за законите кои се во собраниска постапка на четири веќе почнати седници, од кои некои уште од ноември. Седниците беа закажани веднаш откако мнозинските партии изјавија дека ја потврдиле стабилноста на коалицијата. Сепак, за ВМРО-ДПМНЕ, јасно е дека проблемот кај мнозинството не е надминат, ако се суди по недоволниот број нивни присутни пратеници во Собранието.

Од коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива велат дека одговорност на мнозинството е да обезбеди континуитет во работата на Собранието.

„Факт е дека парламентарното мнозинство нема капацитет и немаме седница скоро еден месец. Нема капацитет да собере 61 пратеник за да одржат седница. Опозицијата нема должност да му обезбедува кворум на парламентарното мнозинство. Опозицијата сепак, беше одговорна и принципиелна во однос на законите кои беа значајни за граѓаните.“

Временскиот простор без пленарни седници, според спикерот Џафери, претставувало можност собраниските комисии да си ги завршат обврските. Некои од нив ги надминале роковите предвидени со Деловникот.

„Го оставив овој период кога не закажував пленарни седници за време кога комисиите можат да работат и да ги исполнат своите обврски во точни рокови, иако се поминати сите рокови за работа на комисиите. Но, тоа веќе не е тема на дискусија. Продолжуваме со работа.“

На дневен ред на седниците 21, 22, 25 и 26 се иницијативи што јавноста скоро ги имаше заборавено, како што е иницијативата на опозицијата за формирање на Комисија за заштита и справување со пандемијата, која би ја заменила Комисијата за заразни болести. На овие седници е и иницијативата на Талат Џафери за измена на Деловникот и за создавање можност за онлајн седници иако веќе одамна немало случај на заболен пратеник.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button