ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Отворен оглас за нови членови во елитната полициска единица „Тигри“

Бирото за јавна безбедност при МВР распиша интерен конкурс за елитната единица „Тигри“. Конкурсот трае до 5 март, а се однесува на три позиции.

МВР интерен оглас, единица „Тигри“:

„Помлад полицаец за операции (со средно и подготвителен испит), полицаец за операции (со средно образование, 2 години работно искуство). Виш полицаец за операции (со средно образование, 3 години работно искуство)“, се наведува во огласот.

Потребната возраст на апликантите е под 30 години, што укажува на тоа дека МВР ја освежува оваа анти-терористичка единица.

МВР интерен оглас, единица „Тигри“:

„Да не се постари од 30 години Да достават доказ за здравствената состојба (извештај од специјалист или интернист) Да поседуваат (или се во процедура) сертификат за степен висока доверливост“, се додава во огласот.

По исполнувањето на условите од конкурсот, кандидатите поминуваат низ неколку специфични тестови и вежби меѓу кои психолошки тест, тест на знаење, тест за фобии и шестмесечна обука за селекција и вежби. Кандидатот кој ќе ги исполни, се систематизира во елитната единица.

Од МВР не даваат информации за текот на конкурсот, но Алсат од сигурни извори дознава дека има интерес кај полицајци Албанци за да се урне бариерата од неколкугодишната незастапеност во оваа единица. Моментално во „Тигрите“, кои постојат 40 години, има само полицајци Македонци. Властите велеа дека единицата не се води по етничка припадност, туку по физичката и психолошката подготовка. Неофицијално, по овој конкурс се очекува да има нов конкурс за полицајци кои излегуваат од Центарот за обука во Идризово.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button