ЕКОНОМИЈА

Отворено банкарсто како придобивна за граѓаните и компаниите

Отвореното банкарство е една од значајните реформи и придобивки коишто ќе ги овозможи новиот Закон за платежни услуги и платни системи, наведуваат од Народната банка. Како што се наведува во соопштението, тоа се однесува на влезот на финтек-компании коишто, со согласност на клиентите на банките, би пристапувале до нивните платежни сметки заради иницирање електронски плаќања и собирање податоци за извршените трансакции, коишто, пак, би служеле за натамошна анализа и сеопфатно и едноставно информирање на клиентите.

Придобивките за потрошувачите опфаќаат брзи и ефикасни платежни услуги што ќе им помогнат да заштедат време и да бидат подетално информирани за извршените плаќања. Отвореното банкарство исто така ќе им овозможи на фирмите да управуваат полесно со своите платежни сметки, користејќи уникатни производи и услуги.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button