ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски на средба со Столтенберг

Македонскиот претседател Стево Пендаровски кој престојува во Брисел, како што најави неговиот кабинет, денеска ќе има средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Претседателот Пендаровски вчера во Брисел имаше средби со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел со претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел, со комесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина и за други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак, како и со европратеникот и известител за Република Северна Македонија, Илхан Кјучук.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button