ВЕСТИСВЕТ

Песков: Распоредувањето нуклеарно оружје во Финска би претставувало закана за Русија

Распоредувањето на нуклеарно оружје во Финска ќе претставува закана за Русија и Москва ќе преземе соодветни мерки како одговор, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков, коментирајќи ја најавата на финската влада, рече дека фактот што Финска распоредува нуклеарно оружје на своја територија е закана за Русија, објави РИА Новости.

„И ако Финска ни се закани, ние ќе преземеме соодветни мерки“, изјави Песков пред новинарите.

Финскиот министер за одбрана Анти Хаканен претходно изјави дека финската влада предлага да се дозволи увоз и складирање на нуклеарно оружје на територијата на земјата доколку тоа е поврзано со одбраната на Финска, но дека во други случаи тоа ќе остане забрането.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button