ВЕСТИСВЕТ

САД издадоа документ со кој ѝ дозволуваат на Индија да купува руска нафта

Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави (САД) издаде документ со кој ѝ дозволува на Индија да купува руска нафта која во моментов заглавена на море, пренесоа светските медиуми.

Мерката, како што соопшти американскиот секретар за финансии Скот Бесент, ќе трае 30 дена, а е донесена за да се овозможи протокот на нафта на глобалниот пазар поради ситуацијата со Иран.

„За да се овозможи нафтата да продолжи да тече на глобалниот пазар, Министерството за финансии издава привремено 30-дневно ослободување за да им овозможи на индиските рафинерии да купуваат руска нафта. Оваа краткорочна мерка нема да овозможи значителна финансиска корист за руската влада бидејќи овластува само трансакции кои вклучуваат нафта која веќе е заглавена на море“, вели Бесент во соопштението објавено на социјалните платформи.

Тој ја нарекува мерката привремена бидејќи, како што наведува, Вашингтон очекува Индија на крајот да купува повеќе американска нафта.

„Оваа привремена мерка ќе го ублажи притисокот предизвикан од обидот на Иран да го затвори глобалниот проток на енергенти“, наведува Бесент.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button