ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Петтиот сет антикризни мерки се врати на дневен ред во Собранието

Законите од петтиот пакет антикризни мерки денеска се на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет и на Законодавно-правната комисија откако вчера двете опозициски коалиции, на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса/ Алтернатива, најавија повлекување на амандманите со кои беше блокирана процедурата за донесување на оваа регулатива, но и на Законот за државјанство.

Закажани се две седници на Комисијата за финансирање и буџет, а на дневен ред се предлог-законите за финансиска поддршка на физички лица што вршат самостојна дејност и за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза заради исплата на платите за февруари и март, како и измената на Законот за данок на личен доход, сите во второ читање.

Комисијата за финансирање и буџет на 25 март ја прекина седницата на која требаше да бидат разгледани законите што произлегуваат од последниот сет антикризни мерки откако Алијанса/Алтернатива поднесе илјадници амандмани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button