ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приведени две лица од Велес, во возило поседувале кокаин

Во попладневните часови на автопатот Скопје-Велес, вчера пред наплатната рампа Сопот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со СВР Велес, го лишиле од слобода Д.К.(24) и А.А.(31), двајцата од Велес, бидејќи при преглед извршен на патничко возило џип „ауди“, управувано  од Д.К., каде како сопатник бил А.А. , и личен преглед бил пронајден кокаин, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека лицата се приведени во полициска станица и по насоки на Јавен обвинител од ОЈО Велес, против нив ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение дека  извршиле кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button