КОШАРКАФУДБАЛ

По две продолженија, Далас го совлада Лејкерс во Лос Анџелес

Далас Маверикс гo совладаа тимот на Лејкерс во Лос Анџелес по две продолженија со 115:119. Очекувано, херој на победата на составот од Тексас беше словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ. Запиша трипл-дабл, но многу поважно е што и двете продолженија на својот тим ги обезбеди со тројки од тешки позиции. Далас со овој триумф ја прекина серијата од два порази. Од друга страна, ова е втор последовен неуспех за ЛА Лејкерс. Дончиќ очекувано беше најефикасен играч на Далас. Словенецот за речиси 53 минути на паркетот забележа 35 поени, 14 скока, 13 асистенции, а имаше една украдена топка и блокада и пет загубени топки. Кај ЛА Лејкерс најефикасен беше Расел Вестбрук со 28 поени, седум скока и пет асистенции. Леброн Џејмс имаше 24 поени во поразениот табор, но со некарактеристично лош шут од поле – 9/28. 38-годишниот Џејмс за 46 минути игра имаше и 16 скока и девет асистенции.

На останатите НБА натпревари од минатата ноќ беа забележани следниве резултати:

Филаделфија – Оклахома Сити 114:133

Бруклин – Бостон 98:109

Мајами – Милвоки 108:102

Торонто – Шарлот 124:114

Портланд – Кливленд 113:119

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button