ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полицајците бараат повисоки плати за 15%

Полицајците бараат повисоки плати за 15%

Полицискиот синдикат бара зголемување на платите. Според Синдикатот, основната плата од околу 16.000 денари не им е доволна на полицајците и бараат од овој месец да има зголемување од 15 отсто за сите вработени во МВР. Доколку не им се исполни барањето, од полицискиот синдикат не исклучуваат протести.

„Денес пред вас и пред целата Македонска јавност повторно по незнам кој пат ќе го покренеме барањето за покачување на платите во полицијата, јавноста да разбере и свати колку е основната плата на полицаец. Основната плата на полицаец во моментов е ни помалку ни повеќе туку 16.332 денари. Да стане појасно за јавноста толку изнесува основната плата за полицаец. Денес како Синдикат до Министерот јавно испраќаме барање од месец Јануари 2024 година, платите на сите вработени во МВР да бидат зголемени за 15%. Зголемувањето на платите за 15% почнувајќи од месец Јануари 2024 година да биде од буџетот на Министерството за внатрешни работи за што сметаме дека МВР е способно да ги покачи платите од својот буџет односно пари за повисоки плати во овој момент има”, изјави Орце Коцевски – претседател на Полицискиот синдикат. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button