ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полицијата сè уште трага по напаѓачот од Арачиново кој пукаше кон градоначалникот и рани две лица

Полицијата сè уште трага по напаѓачот што вчера попладне во скопско Арачиново со автоматска пушка пукаше кон градоначалникот на општината, Ридван Ибраими, и кон уште неколку лица, притоа ранувајќи двајца.

„Министерството за внатрешни работи постапува за идентификација на сторител на кривично дело. Обвинителството во континуитет издава наредби и насоки“, информираа денеска од Јавното обвинителство.

Во вчерашниот инцидент, кој се случил на влезот на село Арачиново, ранети се две лица кои за време на престрелката биле заедно со градоначалникот на општината. Ибраими не е меѓу повредените.

Според информации на дел од медиумите, повредени се возачот на Ибраими и лице вработено во општината.

Двајцата повредени, едниот со прострелни рани во градниот кош, а другиот во десното рамо, се пренесени на натамошно лекување во Ургентниот центар во Скопје и во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button