СПОРТФУДБАЛ

Ман. Јунајтед го продолжи договорот со Гринвуд

Манчестер Jунајтед во тајност ја активирал опцијата за продолжување на договорот со Мејсон Гринвуд до 2026 година. Мејсон Гринвуд нема иднина во Манчестер јунајтед, но има нов договор, тврдат дел од англиските медиуми. Тој повеќе од една година е надвор од тимот откако беше обвинет дека ја тепал и принудувал на секс неговата девојка. Но, беше ослободен откако беа повлечни обвиненијата против него.

Сепак навивачите, спонзорите и дел од вработените на Олд Трафорд, не сакаа Гринвуд да се врати во Манчестер јунајтед по што тој беше пратен на позајмица во Хетафе. Гринвуд во Хетафе игра одлично и го привлече вниманието на клубови како Барселона, Атлетико Мадрид и Јувентус.

Манчестер Jунајтед ја активирал опцијата да го продолжи договорот со Гринвуд за да си обезбеди подобра позиција во преговорите за негов трансфер. Одлуката не е соопштена во јавноста со цел да не се навлече гневот на навивачите, спонзорите и вработените.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button