ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Прогласена епидемија на голема кашлица во Куманово

Центарот за јавно здравје Куманово прогласи епидемија на пертусис на ниво на Куманово, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Епидемиологот доктор Едита Размизи кажа дека од 26 пријавени на ниво на Центарот, 23 заболени се во Куманово.

– Земајќи го предвид зголемениот број на заболени од „голема кашлица“ епидемиолошка поврзаност сметаме дека треба да се пријави епидемија на пертусис за територија на град Куманово со вкупно 23 заболени од кои пет се регистрирани, хоспитализирани лица. Возраста на заболените се движи од 4 месеци до 60 години. Најголем број се од 1 до 4 годишна возраст, потоа е под една година, таа од пет до 9 години, останатите се застапени по еден случај. Секако дека останува препораката и апелот да се вакцинираат децата за да се заштитат од оваа болест. Сите случаи се лабораториски потврдени од кои најголем број се потврдени во микробиолошка лабораторија во центар за јавно здравје Куманово. Во однос на вакциналниот статус на заболените од Куманово осум лица се целосно вакцинирани, три се вакцинирани согласно возраста, пет лица се нецелосно вакцинирани, шест се невакцинирани, за лицето од 60 години вакциналниот статус е непознат, изјави д-р Рамизи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button