ВЕСТИЗДРАВСТВО

Поради убиството на нивниот колега, матичните лекари в понеделник нема да работат од 12 до 16 часот

Матичните лекари од приватното здравство велат дека се згрозени од случајот во кој нивни колега доцна синоќа беше пронајден мртов со убодни рани на телото на паркинг во близина на поликлиниката „Железара“. Во знак на револт од Здружението на приватни матични доктори најавија дека в понеделник нема да работат од 12 до 16 часот.

„Згрозени сме од ваквиот грозоморен чин. Се работи за наш колега и професионалец кој целиот свој живот го има посветено на работата. Што треба да значи ова, дека треба да се плашиме дали некој што не е задоволен од некоја причина од нашата работа и после работно време може да посегне по нашиот живот. Ние ќе го изразиме нашиот револт и в понеделник од 12 до 16 часот нема да работиме“, вели за МИА претседателката на Здружението на приватни матични доктори, Лидија Чолакова-Дервишова.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button