РЕГИОН

Поранешниот припадник на ОВК, Салих Мустафа, се изјасни невин пред судот во Хаг

Поранешниот припадник на ОВК, Салих Мустафа, против кого денеска започна судењето во во Хаг, се изјасни за невин. Специјалното обвинителство ги прочита обвиненијата против него, но не и обвинението во целост. Во неговиот воведен говор, обвинителот Џек Смит рече дека пред овој суд ќе се зборува за жртви од различни етникуми, како Албанци, Срби, Роми.

Според него, во случајот на Мустафа, сите жртви биле негови сонародници, косовски Албанци. Салих Мустафа, кој ја напушти судницата кога се одржа првото рочиште против него, ќе биде принуден да присуствува на следното рочиште. Судијката исто така го критикуваше и начинот на кој денес се изрази Салих Мустафа, бидејќи тој, додека се изјасни како невин, Специјалниот суд го нарече Гестапо, споредувајќи го со тајната полиција на нацистичка Германија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button