Последните 5 пациенти од трагедијата во Кочани испратени на лекување во странство

Последните пет пациенти повредени во трагедијата во Кочани се испраќаат во странство, поточно во Шведска, а вкупниот број пациенти кои моментално се лекуваат во странство е 101. Министерот за здравство Арбен Таравари откри детали за здравствената состојба на пациентите внатре и надвор од државата. Тој рече дека повредените се во стабилна состојба.
„101 пациент се во странство, по состанокот на Кризниот штаб утринава констатиравме дека сите пациенти за среќа се во релативно стабилна состојба, посакувам и се надевам дека полека ќе почнеме да пуштаме некои пациенти дома, денес три-четворица пациенти ќе бидат пуштени дома. Последниот трансфер ќе се случи денеска, 5 пациенти само во Шведска и после тоа немаме повеќе трансфери“, рече Таравари.
Најголем број пациенти кои се лекуваат во странство има во Србија, вкупно 30, во Бугарија 15, во Грција 12, а во другите земји помалку од 10 пациенти. Бројот на пациенти кои се лекуваат во државните клиники во земјава е 64, додека други 13 се во приватни клиники.
Линда Ебиби