ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Повратниците од Сирија и Ирак прво испитани за потенцијална опасност, па ресоцијализирани

За државата не е приоритет ресоцијализацијата на повратниците од поранешните воени кампови во Сирија и Ирак. Прво треба да се испита потенцијалната опасност од нив и можната вмешаност во криминални дела во терористичката организација ИСИС.

„Во наредниот период службите работат на обезбедување материјални докази за можна вмешаност во кривични дела, посебно за секое лице.“

Но, што всушност содржи планот за ресоцијализација составен од Комитетот? На повратниците прво им се нуди психолошка и медицинска помош. Потоа, правна помош во случај ако бидат осомничени за некакво дело поврзано со тероризам. Во третата фаза им се нуди економска помош и процес на ресоцијализација. Според невладините, последниов процес е неопходен за делото да не се повтори.

Пред да за започне со ресоцијализацијата на оваа категорија лица, најнапред тие треба да се рехабилитираат затоа што времето поминато таму и начинот на живот во тие средини неминовно доведуваат до одредени пост трауматични состојби. После оваа фаза следи фазата на ресоцијализација и реинтеграција. За овие луѓе да може полесно да се снајдат во средината прво треба да се дообразуваат и да се стекнат со соодветна стручна подготовка преку која ќе стекнат самодоверба и ќе можат да бидат конкурентни на пазарот на трудот т.е. да најдат работа или да се самовработат. Доколку, овие процеси не се спроведат можно е повторување на делата.“

 Социолозите велат дека жените и децата треба да се гледаат како жртви на кои им е потребно враќање во нормала.

„Мислам дека личните проблеми ги имале од претходно. Можеби некои луѓе кои ги знаеме биле инфериорни во ова општество и не биле во можност да се прилагодат. Имало здруженија што ги поттикнале и регрутирале, станувајќи жртви не на нивната целосна невиност, туку на нивната наивност.“

Вчера беа вратени 23 наши граѓани од Ирак и Сирија. Четворица од нив се во притвор во Шутка и осомничени се за учество во странски војни. Пет жени и 14 деца се ставени во карантин.

Adna Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button