ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во среда во Собранието на Македонија би требало да се дебатира за преговорите со Бугарија

Се’ поизвесно е дека во среда во парламентот, министерот Бујар Османи ќе ги претстави предлог Акцискиот план и предлог патоказот за кои Македонија преговара со официјална Софија. Ваквиот развој на настаните доаѓа откако пратеникот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Комисијата за надворешна политика, Антонијо Милошоски утринава објави дека ја закажува седницата во среда во 15 часот, на која очекува министерот Османи да реферира пред пратениците.

„Пред цели 6 месеци, на 16 – ти јануари, истата оваа Влада услови заклучок дека пред пратениците ќе бидат презентирани информации за предлог Акцискиот план кој го преговараат со Бугарија, но, досега наместо отчетност имавме молк, нетранспарентност и чести понижувања на Македонија. Заклучокот е дека во нормални демократии за најбитните национални теми, владите сами иницираат дебата со парламентот, додека во хибридните режими како во Македонија, потребни се протести за да натераш владин министер да даде отчет пред пратениците.“

На „фрлената ракавица“ од ВМРО ДПМНЕ, министерот Османи не дава конкретен одговор дали ќе се појави во законодавниот дом, иако наговестува дека тоа е можно да се случи.

„Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во Скопје за да се обратам пред пратениците и членовите на Комисијат за надворешна политика во Собранието на Република Северна Македонија. Очекувам со иста ревносност претседателот на Комисијата, Антонио Милошоски да ја закаже и седницата на која ќе ги претстават тезите и избраните амбасадори, со што ќе се отвори патот за нивно упатување во земјите на покривање.“

Трите пречки кои го блокираат патот кон ЕУ се отворените прашања дали бугарската техничка влада има мандат да го тргне ветото, дали ќе падне договор за содржината на Патоказот и дали тој ќе биде дел од преговарачката рамка или преку Советот за стабилизација и асоцијација. Министерот Османи најави дека утре заедно со премиерот Зоран Заев ќе се сретнат со бугарскиот претседател Радев на маргините на НАТО состанокот. Следните два дена продолжуваат протестите на ВМРО ДПМНЕ пред МНР, на кои се бара власта да објасни за што точно се преговара со Бугарија.

Alsat

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button