СПОРТ

Познат е првиот полуфиналист во турнирот во Мајами

Средбата меѓу Карлос Алкараз и Тејлор Фриц на Мастерсот во Мајами е одложена поради дожд. Беше закажана за 01:00 часот по наше време, но е поместена за 24 часа. Тоа ќе биде прв меч меѓу лидерот и десеттиот играч на АТП листата, а победникот ќе игра против Јаник Синер.

Италијанецот го совлада финскиот тенисер Емил Русувори со 6-3, 6-1. Тенисерите минаа 75 минути на теренот, но мечот во вториот сет беше прекинат поради дожд. По пауза од два часа, единаесеттиот светски играч забележа лесна победа. Италијанецот единственото Мастерс финале во кариерата го одигра токму во Мајами во 2021 година, кога беше поразен од полскиот играч Хуберт Хуркач.

Останатите две четвртфинални двојки ќе играат во четврток – Крис Јубанкс и Данил Медведев се среќаваат од 19:00 часот, а Франциско Серундоло и Карен Хачанов од 21:00 часот

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button