РАКОМЕТСПОРТ

Познати се сите 12 учесници на ракометниот турнир на Олимписките Игри во Париз

Унгарија е последната селекција што стигна до билет за машкиот ракометен  турнир на Олимписките Игри во Париз, откако унгарците го добија клучниот меч против Португалија со резултат 30-27.

Ова беше меч „да се биде или не“ за двете селекции, а големиот влог придонесе да се прават и нешто повеќе грешки на двете страни. На одмор се замина со израмнети 16-16, но затоа унгарците успеаја да се одлепат во второто полувреме и да стигнат до толку посакуваната победа со која стигнаа до пласман на ОИ, по пауза од 12 години.

Веќе се познати и сите 12 учесници на ракометниот турнир во машка конкуренција на претстојните ОИ, листата ја предводи домаќинот Франција, потоа Данска, Хрватска, Аргентина, Египет, Германија, Словенија, Унгарија, Јапонија, Норвешка, Шпанија и Шведска.

Европа ќе има девет од дванаесетте селекции-учеснички за петти пат во историјата, првпат по 2012 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button