ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пратениците ќе дебатираат за нови уставни судии

По речиси една година откако Уставниот суд работи со намален број на судии поради испразнети места, денеска пратениците ќе дебатираат за утврдување на предлози за нови уставни судии. Закажувањето на оваа седница доаѓа откако вчера пратеници ја известиле претседателката на Комисијата, пратеничката Марија Георгиевска, дека сакаат да достават предлог-имиња. Своите предлози тие ќе ги изнесат на самата седница.

Од Уставниот суд бараа во неколку наврати пратениците да го почитуваат Уставот и да изберат и именуваат нови уставни судии.

„Ако до декември не се изберат уставни судии тоа ќе значи клуч на врата за Уставниот суд, нешто што досега не се случило во историјата на демократска Република Северна Македонија“, се вели во одговорот од Уставниот суд за Радио Слободна Европа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button