ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пресуда: 13 години затвор за обвинетиот во случајот со убиството на матурантот Ангел Петковски

Кривичниот суд изрече затворска казна во времетраење од 13 години за Насер Ештрефи, осуден во случајот за убиство на матурантот Ангел Петковски.

Ештрефи, во 2015 година со одлуката на Основниот кривичен суд Скопје беше осуден на 14 години затворска казна, што беше потврдена од скопската Апелација. Одлуките ги укина Врховниот суд и судењето против обвинетитот Ештрефи е вратено на повторно одлучување.

Убиството на Петковски се случи на 19 мај 2014 година во населбата Ѓорче Петров. Инцидентот започна со кражба на велосипед од страна 19-годишниот Насер Ештрефи од скопското село Грчец.

Настанот предизвика неколкудневни демонстрации и револт кој резултираше со демолирање на повеќе објекти во населбата Ѓорче Петров и судири на демонстрантите со полицијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button