РЕГИОН

Пресуда во Загреб: 8 години затвор за Санадер, а за ХДЗ милионска казна за аферата „Фими Медиа“

ХДЗ, како прва партија обвинета за корупција, треба да плати казна од 3,5 милиони евра и да врати 14, 6 милиони

Поранешниот хрватски премиер и претседател на ХДЗ, Иво Санадер, денеска е прогласен за виновен и неправосилно осуден на осум години затвор, во повтореното судење за извлекување пари од маркетинг агенцијата „Фими Медиа“.

ХДЗ, пак, како прва партија обвинета за корупција во Хрватска треба да плати казна од 3,5 милиони ева и да врати 14, 6 милиони, јавуваат хрвaтските медиуми.

Во пресудата, меѓудругото, се наведува дека Санадер, во својство на поранешен премиер и претседател на ХДЗ, со неговите соработници Младен Баришиќ и Бранка Павошевиќ, организирал група луѓе да извршат злосторства.

Наведено е дека, во периодот од 2005 до 2009 година, Санадер, за да добие материјална корист, ѝ наредил на Бранка Павошевиќ во деловните книги да не ги бележи парите што му се предадени на Баришиќ.

Се додава дека дел од тие пари Санадер задржал за себе, а осум милиони куни биле искористени за финансирање на ХДЗ.

„Од 24 милиони куни, осум се за ХДЗ, дел му биле дадени на Санадер за патување во САД и за костуми“, прочита судијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button