ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Превенција и будност од МВР за да се спречат можни нарушувања на изборниот процес

Во МВР денеска заседавал оперативниот штаб формиран за спроведување на парламентарните и претседателските избори. Присутен бил и техничкиот министер Панче Тошковски, кој дал насоки да се задржи високо ниво на будност и подготвеност на полицијата, како и да се прибираат оперативни информации со цел превенција на можни загрозувања на безбедносната состојба во предизборниот период.

Директорот на Бирото за јавна безбедност и членовите на оперативниот штаб информирале дека безбедносната состојба е стабилна и дека полицијата е подготвена да се соочи со претстојниот безбедносен предизвик поврзан со организирањето на изборите. За да се спречи било каков обид за загрозување на изборниот процес досега биле одржани и пет состаноци со Државната изборна комисија, а во тек е и дополнителна обука на полициските службеници, соопшти МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button