ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Димитриевски за Кодексот: Потпишуваме форма, а не суштина

Кандидатот за претседател на државата, Максим Димитриевски, во своето излагање пред потпишувањето на кодексот за фер изборен процес, рече дека ќе го потпише документот, оценувајќи дека за него, тој претставува само форма, но не и суштина. Димитриевски изрази очекување изборните циклуси да поминат демократски, што ќе претставува победа на граѓаните.

„Ќе ги прифатам сите јавни настапи каде што ќе бидам поканет, без разлика кој ги организира, а ќе ми биде чест и задоволство да дискутирам на сите теми отворено пред македонската јавност, со двајцата најфаворизирани противкандидати во моментов…факт е дека немаме сите исти права и можности иако истото ни е загарантирано со Устав“, рече Димитриевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button