ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ванковска за Кодексот: Не верувам во ова парче хартија

Кандидатката за претседател на државата, поддржана од политичката партија Левица, Билјана Ванковска Цветковска, во своето излагање пред потпишувањето на кодексот за фер изборен процес, рече дека нема верба во документот оценувајќи дека во државата владее непочитување дури и на Уставот и законите, а информираше и за поднесена претставка пред Уставен.

„Вчера, јас со партијата којашто ме поддржува, ‘Левица’, поднесовме претставка пред Уставниот суд против членовите на ДИК и на ААВМУ заради дискриминаторна распределба на она малку време што го имаме за претставување пред граѓаните“, рече Ванковска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button