ЕКОНОМИЈА

Презентиран соларен парк кај Штип, првата струја во системот најавена за 2023 година

Следната година на местото каде што требаше да има карго-аеродром во Штип треба да почне да се гради соларен парк за производство на струја. Оваа инвестиција ќе може да задоволи 94 илјади домаќинства со електрична енергија. Првите количини се очекува да бидат произведени во 2023 година, а во 2024-та целосно да биде изграден соларниот парк. Станува збор за француска инвестиција, која на крајот на реализацијата на проектот, според инвеститорот, би требало да достигне околу 270 милиони евра.

„Оваа местоположба согласно анализите на соларната радијација, карактеристиките на земјиштето како и оддалеченоста од преносната мрежа има одлични услови за изградба на фото-напонска централа. Стратешкиот проект ќе се реализира со француска компанија за производство на електрична енергија исклучиво од обновливи извори“, рече премиерот Заев.

„Оваа инвестиција има големо стратешко значење бидејќи ќе придонесе да се зајакне енергетската независност на државата и истовремено помагајќи ѝ на државата да го изведе амбициозниот план за намалување на емисиите на јаглерод-диоксид. Се разбира за тоа како ќе се спроведува оваа инвестиција треба да биде утврдено со посебен закон“, рече Сирил Бомгартнер- Амбасадор на Франција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button