МАКЕДОНИЈА

Пронајдена дрога, приведени две лица

Полициски службеници од Кичево синоќа лишиле од слобода две лица од Скопје и Велес, откако кај нив е пронајдена и одземена марихуана, соопшти денеска МВР.

– Синоќа во 22:00 часoт на магистралниот пат Кичево-Гостивар, полициски службеници од ПС за БПС Кичево ги лишиле од слобода Г.Н. (26) од Велес и М.С. (32) од Скопје. При преглед во возилото „Ауди“ во кое се превезувале и при нивен личен преглед била пронајдена и одземена марихуана, се наведува во соопштението на Министерството.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button