ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

УКИМ со објаснување за потпишувањето документи под кривична одговорност

УКИМ со објаснување за потпишувањето документи под кривична одговорност

Државниот просветен инспекторат денеска не соопшти дали извршил вонредна контрола на Универзитетот Свети Кирил и Методиј како што најави вчера за да ги провери дали има законски прекршувања по тврдењата на некои студенти и родители дека универзитетот им бара да се потпишат на документ со кривична одговорност. Имено, од студентите кои се запишуваат во прва година се бара да потпишат дека не конкурираат и на друг универзитет во земјава или во странство. Второ, од средношколците пак, кои се запишуваат на Архитектонскиот факултет се бара да не си ги бараат назад оригиналните документи што ги поднесуваат најмалку три месеци.

Од просветниот инспекторат вчера рекоа дека овие барања не се предвидени во Законот за високо образование и оти денеска инспекторите ќе го испитуваат случајот. Но, денеска не добивме одговори на нашите прашања.

Од УКИМ пак, ни одговорија дека пандемијата направила збрка при запишувањето во државната квота затоа што документите се доставувале електронски со скенирани документи.

„Со тоа се отвори теоретска можност кандидатите да се запишат во државна квота на повеќе државни универзитети, што од друга страна значи ускратување на правото за рамноправност на други студенти да се запишат во државна квота на саканиот факултет. Тоа е особено важно за студиските програми за кои има поголем интерес за запишување во државна квота“, велат од Универзитет Свети Кирил и Методиј.

Ова важи и за паралелното студирање што е регулирано поинаку, велат од Универзитетот. Во однос на прашањето зошто студентите да не смеат три месеци да си ги добијат назад оригиналните документи, од УКИМ информираат: „Враќањето на личните документи на запишаниот студент, во рок од три месеци беше воведено поради потребата од обработка на обемната документација и ограничените административно-технички капацитети на факултетите, како и непредвидливите состојби предизвикани од пандемијата“

Студентите кои денеска ги сретнавме на отворениот ден на УКИМ не знаеја зошто треба да ги потпишат овие документи./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button