ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Првите вакцини никако да пристигнат во Македонија

И покрај тоа што беше кажано дека вакцината против Ковид 19 ќе пристигне во нашата земја оваа недела, се чини дека условите за ова сè уште не се создадени. Од Министерството за здравство за Алсат велат дека вакцината ќе пристигне од Србија во нашата земја, кога ќе бидат завршени сите законски процедури, без да се даде конкретен датум. Според Министерството, целиот процес за дистрибуција на вакцините го води „Фајзер“ и за дерегистрација на оваа вакцина во Србија и регистрација во нашата земја, потребно е време.  Во врска со ова, реагираше претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христјан Мицкоски, кој ја обвини владата дека нема план како да продолжи со регистрација на вакцината и да нема одложување на овој процес.

„Пред еден месец, кога Бугарија објави дека ќе ни ја даде вакцината против корона вирусот, го поздравив и прашав дали владата има план? Денес добивме одговор дека нема. Односно премиерката на Србија Брнабиќ вели дека и покрај тоа што решиле да помогнат со осум илјади вакцини, процесот е блокиран бидејќи вакцината не е регистрирана и нема план за регистрација. Со други зборови, како што светот се движи напред, нашата влада губи време и луѓето умираат“.

Количината вакцини што треба да се добие директно од фирмата „Фајзер“ не може да се обезбеди без измените и дополнувањата на Законот за лекови. Владата ја обвини опозицијата дека не го поддржува Законот, бидејќи како што велат, не учествуваат во работата на Собранието за да има кворум за донесување на Законот. Ова беше категорично отфрлено од координаторот на парламентарната група Алијанса – Алтернатива, Скендер Реџепи.
„Мнозинството сакаше да прошверцува 52 предлог – закони на 30 – та  седница, со цел да го помине Законот за лекови. Повелете претседател на Собранието да сфатите дека опозицијата и нашата опозициска коалиција се подготвени да им служат на граѓаните. Свикајте седница за Законот за лекови и ќе учествуваме, ќе го изгласаме без проблем и нема да пуштиме крокодилски солзи, бидејќи внимаваме на граѓаните”.

Министерството за здравство оваа недела информираше дека процесот за директно снабдување од „Фајзер“ е во завршна фаза и 5.850 – те дози ќе пристигнат во февруари. Другите 17.500 дози ќе дојдат во март и април. Имајќи предвид дека вакцините „Фајзер“ се користат во две дози, 8 илјади парчињата, ќе бидат резервирани за четири илјади луѓе. Први ќе ја добијат лекарите, медицинските сестри и медицинскиот персонал кои се наоѓаат во инфективните оддели и ковид – центрите во земјава.

Evi SHkopi

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button