ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Работниците бараат плати за преживување, а министерката им нуди „системски решенија“

Синдикалците денеска протестираа пред Министерството за труд и социјална политика барајќи зголемување на платите во јавниот сектор за 2.806 денари и исплата на К-15. До министерката испратија порака да ги преземе работите во свои раце и да иницира зголемување на платите за да се ублажи кризата за работниците. Но, министерката Тренчевска им одговори дека не било време за брзи, односно ад-хок решенија, туку требало да се најде системско решение со кое платите на администрацијата ќе растат и во следните години.

„Ќе дадам една ад-хок изјава бидејќи го употребуваме тој збор, моментално решение со овие плати со коишто не можеме да преживееме моментално – немаме. Затоа барам министерката да нè разбере дека овие плати не ни се решение и не можеме да чекаме“, рече Дарко Димовски- Претседател на ССМ.

„Време е да воспоставиме систем на плати во јавниот сектор, систем којшто ќе гарантира постојано зголемување на платите на работниците во јавниот сектор. Ад-хок решение и популистички мерки не носат трајно решавање на проблемот“, рече Јована Тренчевска- Министерка за труд и социјална политика.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button