ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Ребалансот денеска на владина седница

Од ребалансот на буџетот ќе зависи дали ќе има продолжување на мерките со кои се спречува драстично зголемување на цените на храната.За десетина дена престануваат да важат замрзнатите маржи и укинатото ДДВ на основните прехранбени производи. Ребалансот на буџетот денеска ќе се разгледува на владина седница и доколку биде усвоен, ќе се креираат мерки толку колку што дозволува новиот буџет вели министерот за економија Крешник Бектеши.

„Кога ќе се донесе ребаланост, кога ќе се знаат колку средства имаме колку ќе биде приходната страна секако дека ќе ја инфомрираме јавноста. Денеска да се разгледа предлогот на министерството за финансии кој е во соработка со другите институции и од почетокот на следната недела ќе биде појасна сликата за тоа што може да очекуваат граѓаните и стопанството. Со овој ребаланс ќе имаме одредена ставка за креирање на мерки кои ќе бидат донесени се со цел да се ублажи кризата“, рече Бектеши.

Првата мерка за цените на храната беше донесена лани во декември кога се замрзнаа цените на сите основни прехранбени производи. Од март оваа мерка се замени со замрзнување на дел на трговската маржа и укинување на ДДВ-то за млекото, лебот и брашното. Но и покрај замрзнување на маржите Државниот завод за статистика бележеше раст на цените на храната во претходните месеци. Најголема причина се зголемените трошоци на производителите, но и драстичниот раст на цените на суровините на светските берзи. Последната анализа на ОН е дека цените на храната бележат раст од 30 проценти споредено со истиот период лани како резултат на нарушените синџири на снабдување поради војната во Украина.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button