СПОРТФОРМУЛА - 1

Ред Бул: Трети февруари треба да биде нашето најголемо претставување досега

Актуелниот шампион во Формула 1, во конкуренција на конструктори “Ред Бул” објави дека ќе го претстави својот болид за 2023 година, на трети февруари во Њујорк.

„Трети февруари треба да биде нашето најголемо претставување досега, во градот кој никогаш не спие, Њујорк“, објави “Ред Бул” во постот на својот Твитер профил.

Во 2022 година, “Ред Бул” доминираше во титулата кај конструкторите, победувајќи го второпласираниот Ферари со 205 поени. Претсезонските тестирања на автомобилите се закажани за 23-25  февруари во Бахреин.

Сезоната започнува една недела по тестирањето на истата патека Шакир, од трети до петти март./Gol.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button