МАКЕДОНИЈА

Регистрирани 467 нови случаи на Ковид-19, има и починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 3.512 тестирања, а регистрирани се 467 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 245, Куманово – 47, Велес – 27, Прилеп – 21, Кавадарци – 17, Кичево – 13, Кочани – 12, Битола – 11, Крива Паланка – 9, Охрид  – 8, Тетово и Струмица – по 6, Штип, Радовиш и Валандово – по 5, Кратово и Крушево – по 4, Гостивар, Гевгелија и Демир Хисар – по 3, Неготино, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод – по 2, Струга, Свети Николе, Берово, Богданци и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани сe 496 оздравени пациенти од: Скопје – 269, Куманово – 51, Струмица – 23, Велес – 21, Прилеп – 20, Битола и Тетово – по 15, Штип – 14, Кавадарци и Кичево – по 11, Радовиш, Гостивар и Свети Николе – по 6, Крива Паланка, Гевгелија и Виница – по 4, Пробиштип и Ресен – по 3, Кочани и Делчево – по 2, Охрид , Валандово, Неготино, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: 5 починати лица од Скопје (73г, 72г, 70г, 61г и 57г), по 2 починати лица од Тетово (88г и 72г) и Кратово (73г и 66г), по едно починато лице од  Демир Капија (69г), Прилеп (90г), Радовиш (55г) и Штип (74г).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button