ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Резултатите од изборите во Бугарија се охрабрувачки за властите во нашата земја

Fatlume Dervishi

Релативно новата партија во Бугарија „Продолжуваме со промена“ на младите политичари Кирил Петков и Асен Василев се покажа за победник на третите по ред избори во последните седум месеци. Бројот на гласови што го освоија  беше поголем од очекуваното. Од обработените гласови „Продолжуваме со промени“ освои околу 26%, додека партијата ГЕРМ на поранешниот премиер Бојко Борисов близу 22%. Според бугарските медиуми, шансите Борисов да формира влада се многу мали, а големи се шансите Кирил Петков да го преземе мандатот за формирање влада. Петков зборуваше на работната група меѓу Скопје и Софија на која ќе се разговара не само за историјата, туку и за сè што може да ги подобри меѓусоседските односи меѓу Бугарија и Северна Македонија.

За министерката за одбрана Радмила Шекеринска изборните резултати и изјавите од Бугарија се охрабрувачки.

Во меѓувреме, во Брисел, на дводневната средба на министрите за надворешни работи, министерот Бујар Османи се сретна со неговиот бугарски колега Светлан Стоев. „До одржувањето на главните состаноци на ЕУ во декември, очекуваме да се интензивираат контактите преку постоечките форми на состаноци за да се најдат најдобри решенија во интерес на постигнување на понатамошни чекори во процесот на интеграција во Европската Унија“, напиша Османи по средбата со Стоев.

Комесарот за проширување Оливер Вархеји изјави дека денешната средба на министрите за надворешни работи е важна за аспектот на проширувањето.

Оливер Вархеји, комесар за проширување на Европската унија

„Ние, се разбира, мора да продолжиме со политиката на проширување, која е нашата најмоќна алатка и затоа по изборите во Бугарија и Северна Македонија се надеваме дека ќе видиме брз конкретен напредок. „Од наша страна, ние сме подготвени многу брзо да започнеме со работа и да го финализираме нерешениот проблем на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија оваа година.

По средбата со Османи во Брисел се огласи и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Џозеф Борел. „Северна Македонија е силно закотвена на патот кон ЕУ. Нашиот став останува непроменет, Северна Македонија и Албанија постигнаа достигнувања и очекуваме да ја одржиме првата меѓувладина конференција што е можно поскоро“, напиша Борел.

Самитот на ЕУ се очекува да се одржи на 16 и 17 декември.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button