МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Реџепи е уценет човек

По појавувањето во Собранието на пратеникот Кастриот Реџепи, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата на Мицкоски велат – „денес се виде како изгледа уценет човек, а методите со кои СДСМ и ДУИ го премислија Кастриот Реџепи не се демократски.

Во реакцијата на македонската опозиција се вели дека на прес-конференцијата Реџепи имал многу контрадикторности во својата приказна и делувал како личност која има личен интерес пред колективниот. Опозицијата оценува дека власта која привремено ја спаси Реџепи го изгубила легитимитетот да владее во Македонија и нејзиниот пад е неизбежен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button