МАКЕДОНИЈА

Садики кажа зошто преминал во Алијанса

Градоначалникот на Студеничани, кој денеска и официјално од ДПА премина во Алијансата за Албанците, својата одлука ја оправда со фактот дека бил предаден од неговиот актуелен лидер Мендух Тачи.

„Прво ви кажувам дека останав во ДПА до крај, бев кандидат на ДПА и на изборите победив како кандидат на ДПА. За жал по првиот круг кога победив убедливо против кандидатот на ДУИ, лидерот на ДПА ме продаде многу евтино и се подготвија заедно со ДУИ да ја сменат волјата на Студеничани. Но, наидоа на клинец, иако државниот апарат беше силно ангажиран, со власта, со полицијата, но и покрај нив малку ги зголемија своите гласови со поддршка на Алијанса и со поддршка на граѓаните на Студеничани. Повторно победив на изборите“, рече Садики.

Садики најави дека последниот контакт со Тачи го имал по првиот круг од локалните избори кога тој му посакал победа.

„До крајот бев лојален на идеологијата на ДПА, но по ова предавство од ДПА решив да влезам во редовите на Алијанса“, рече Садики.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button