ВЕСТИРЕГИОН

Се компликува состојбата со ковид во Хрватска, донесени нови мерки

Во последните 24 часа во Хрватска, регистрирани се рекордни 57 починати од последиците на вирусот корона, а бројот на новоинфицирани е 2.958, соопштија од хрватскиот кризниот штаб.

Од таму, поради тешката епидемиолошка состојба, најавија нови мерки што ќе стапат на сила на полноќ:

– јавните собири се ограничени на 25 лица, наместо на 50 како што беше случај досега

– на свадби можат да присуствуваат најмногу 15 лица, погреби најмногу 25, без да изразат сочувство со близок контакт

– работата на повеќето угостителски објекти е суспендирана, оние чија работа не е суспендирана се ограничени на работно време до 22 часот

– Забрането е продавање алкохолни пијалоци од 22 до 6 часот наутро

– за собири кои не се ограничени на 25 лица, како што се професионални уметнички програми, кино-проекции, верски церемонии и сесии на репрезентативни тела, воведени се дополнителни ограничувања и бројот на присутни е ограничен на големината на просторот и треба да се обезбедат четири квадратни метри за секоја личност.

Мерките ќе траат најмалку до 15 декември, а нивното спроведување ќе го контролира полицијата.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button