ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сè уште повеќе активни пожари низ земјава

За разлика од вчера, денеска на планината Осој во близина на селото Раховиќ во Општина Сарај има уште повеќе жаришта на пожари. Армијата и противпожарните екипи се на терен. Романски авиони и армиски хеликоптери исто така фрлаа вода.

Жителите на Раховиќ велат дека биле исплашени во текот на ноќта, а полицијата и пожарникарите биле присутни во селото. Пожарникарите, пак, велат дека теренот е тежок и се трудат толку колку што се нивните можности.

„Синоќа дуваше многу силен ветер и многу се запали, ни јас не спиев до два часот. Имам куќа во близина, се плашев да спијам со децата.“

„Колку што дозволуваат нашите можности и капацитет, бидејќи сме со едно возило и тројца пожарникари. Успеавме да изгаснеме дел како што гледате. Ќе видиме подоцна.“

Од Центарот за управување со кризи велат дека покрај пожарите во регионот на Сарај, пожари има и во регионите Пехчево, Петровец и Македонски Брод.

Од Метеоролошкиот завод соопштуваат дека високите температури ќе продолжат и понатаму. Како никогаш досега Македонија живее со температури над 40 степени подолг временски период.

За потсетување, највисоката измерена температура во Македонија е од летото 2007 година, кога во Демир Капија термометарот покажа 45,7 степени.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button