МАКЕДОНИЈА

Шест мерни станици за загадувањето нема да проработат пред декември

Оваа есен шест државни мерни станици нема да го покажуваат нивото на загадување.. Од 17 мерни станици на Министерството за животна средина, податоци за ПМ 10 и ПМ 2.5 честитките во воздухот не покажуваат оние во Карпош 4, Миладиновци, Битола 1, Струмица, Лазарополе и мобилната станица која моментално е во Ѓорче Петров. Овие мерни станици не работат бидејќи се расипани или стари, освен онаа во Лазарополе која се тестира. Од министерството за животна средина за Алсат велат дека набавуваат нови системи за да ги заменат старите, но овој процес нема да  заврши пред декември.

„Се набавуваат 7 нови мерни инструменти за O3 (озон), 7 нови мерни инструменти за SO2 (сулфур двооксид), 7 нови мерни инструменти за CO (јаглерод моноксид), 2 нови автоматски мерни инструменти за мерење на PM2.5 (суспендирани честички со големина до 2.5 микрометри), 2 нови секвенцијални нисковолуменски семплери за мерење на PM10 и PM2.5, 7 нови сета од метеоролошки сензори за мерење на брзина и насока на ветар, атмосферски притисок, влажност, глобална радијација, надворешна температура, како и кула за калибрација на автоматски мерни инструменти за PM10 и PM2.5“, велат од МЖСПП.

Екологистите велат дека граѓаните имаат право во секој момент, без разлика на годишното време, да знаат колкаво е нивото на загаденост, а ваква обврска државата има и пред Европската Унија. Според Елена Николовска од Еко – свест, загаденоста треба повеќе да се мери кај тешките индустрии.

„Нас ни е потребно оваа мрежа да се прошири, да имаме во сите населени места мерни станици. Тие да мерат што повеќе загадувачки супстванци во воздухот, како би можеле точно да го лоцираме аерозагадувањето и да му пристапиме на проблемот, бидејќи мерењето е клучно за да го направиме ова“, вели Елена Николовска, „Еко – Свест“.

Освен што дел од мерните станици во дефект, од оние што се во функција сите не ги покажуваат ПМ 10 и ПМ 2.5 честитките во воздухот. Опремата која ќе ги покажува овие податоци допрва ќе се набавува преку ИПА 2 проект. А, за ова тендер ќе се распише до крајот на годинава. Од министерството за екологија очекуваат дека до средината на наредната 2021 година државните мерни станици ќе го покажуваат нивото на загаденост за ПМ 10 и ПМ 2.5 честичките во воздухот.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button