ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шестиот сет економски мерки ќе вреди 17,8 милиони евра

Седум мерки вредни 17,8 милиони евра се дел од шестиот сет економски мерки кои денеска беа одобрени нa владината седница. Помош за справување со последиците од пандемијата ќе добијат угостителите, туристичкиот сектор и медиумите. Угостителите ќе добијат неповратна помош од 30 проценти како просек од приходите кои ги оствариле во 2019 и 2020 година. Па така доколку во просек за четири недели кафулето или ресторанот остварувале приход од 100 илјади денари поради три неделното не работење поради рестриктивните мерки би загубиле 75 илјади денари. За овој износ на изгубен приход државата ќе им даде неповратна помош од 30 отсо или за 75 илјади денари кои требало да ги заработат државата ќе им даде 22.500 денари.

100.000  денари месечен приход

75.000 денари за загуба поради три неделното не работење

22.500 денари неповратна помош од државата

Угостителите ќе добијат и помош во износ од 15.200 денари за секое вработено лице.Сопствениците на ресторани за свадби и игротеки кои се затворени подолг период ќе добијат 30 проценти неповратна помош за целиот месец како просек изваден од приходите остварени во 2019 година.

„Со оваа мерка ќе бидат подржани околу шест илјади угостителски објекти кои вработуваат приближно 17 илјади луѓе проценета вредност на мерката е 9,9 милиони евра. На скоро ист принцип со 2,5 милиони евра ќе се подржат категоризаните ресторани за свадби, игротеки, ноќни клубови, приватни детски одморалишта, фитнес центри, фотографи и фотографски студија.“

Покрај ова помош ќе добијат и туристичките агенции на кои ќе им се даваат грантови од две до пет илјади евра, но и 50 илјади бесплатни ПЦР тестови за странските туристи. Преку развојната банка ќе има и нова линија на бескаматни кредити наменети за медиумите.Средствата за реализација на овој пакет мерки ќе бидат обезбедени од државниот буџет.

Andrea Cobanova

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button