ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Учениците кои ќе бидат во четврто одделение следната учебна година ќе учат од дигитални книги наместо обичните

Учениците кои ќе бидат во четврто одделение следната учебна година ќе учат од дигитални книги наместо обичните. Министерката за образование, Царовска потсети дека за секој специфичен предмет ќе се користат различни извори на информации, но сите во електронска форма. Додаде дека за  семејствата во тешка економска состојба ќе се печатат наставни материјали доколку нивните деца немаат интернет и електронски уреди.

Детската амбасада „Меѓаши“ проценува дека е рано да се зборува за општо дигитално образование. Според Змијанац, во овој случај учениците со тешка економска состојба ќе бидат дискриминирани кога станува збор за постигнување на знаења.

Вчера, Владата ги одобри измените и дополнувањата на Законот за учебници и други наставни и дидактички материјали. Измените предвидуваат учениците од четврто до деветто одделение и средношколците да имаат книги и електронски материјали, додека учениците од едно до трето одделение продолжуваат да имаат обични книги.

Melihate Rustemi

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button