ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје се забележува намалување на новите случаи на заразени

За 24.3% е намален бројот на нови случаи со Ковид 19, а намален е и бројот на извршени тестови. Од направените анализи во 98% од случаите, потврдено е присуство на британски тип на вирусот. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, намален е и бројот на оздравени лица кои биле хоспитализирани или лекувани дома кои по два теста биле негативни. За една недела, 5.921 лица го победиле вирусот.

Институт за јавно здравје

„Во периодот од 12-18 април, 5.199 случаи од 35 градови во земјата се позитивни. Вкупно направени се  21.763 тетсови, што претставува пад од 20,4%. Најголем број на нови случаи се регистрирани во Скопје (2086), по што следува Битола. Најголем број е регистриран на возрасната група над 60 години и кај возрасната група од 50-59 години. 98% од дијагностицираните случаи се вид на британски вирус.

Во текот на минатата недела пријавени се 206 смртни случаи од 26 градови во земјата, што е за 25% повеќе од минатата недела.

Институт за јавно здравје

„175 луѓе биле над 60 години. 20 починати  се на возраст од 50-59 години, 10 на возраст од 30-49 години и еден од починатите е од возрасната група од 20-29 години“.

Од почетокот на пандемијата, бројот на заразени од Ковид е околу 150 илјади. Над 123 илјади луѓе оздравиле. Околу 5 илјади луѓе ја загубија битката, а активни случаи се над 19 илјади.

 

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button